Димитриевски: Нема повеќе отстапки на патот кон ЕУ, државава веќе направи жртви

Од:

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски денеска изјави дека усвојувањето на Платформата за национално единство и е потребно на државава и оти има разговарано со претставници на политички партии за нејзино усвојување, но оти прецизни разговори би се случиле на ниво на делегации на партиите.

-Тоа не е само платформа за национално обединување, туку сеопшто обединување на ниво на нација која што се однесува и за нас Македонците како основоположник народ, основоположник на нашата држава, а и за сите етнички заедници коишто живеат во нашата држава. Македонија заслужува да оди напред, а ова е една добронамерна платформа. Во минатото имало вакви обиди, но за жал доаѓале од лево или од десно, и секогаш по пат на политички биле отфрлувани, рече Димитриевски во одговор на новинарско прашање какви се сигналите од политичките партии за тоа дали може да се усвои платформата.

Потсети дека ЗНАМ веќе ја поднел таа платформата пред коалициските партнери со коишто партиципираат во работењето на Владата и оти очекуваат нивен одговор.

-Имаше првични коментари. И тоа ќе биде еден процес, нема да се случи преку ноќ. А потоа повторно ќе се обидеме да и објасниме и на опозицијата дека таа платформа е корисна и за државата и за сите нас, со која што се стави крај на некои проблеми коишто се влечат од минатото и стереотипи ќе се надминат и заедно ќе се придвижиме напред, а тоа ќе биде еден да кажам документ статички врз база на којшто по него би усвојувале во Парламентот, ние не би се занимавале повеќе со политикантство, рече Димитриевски по средбата во Куманово со евроамбасадорот Михалис Рокас.

ЗНАМ во декември ја претстави Националната платформа за македонско национално единство пред сите парламентарни партии. Целта на платформата, според лидерот на ЗНАМ, Димитриевски, е да ги обедини политичките фактори и да дефинира црвените линии за македонските национални интереси. Димитриевски тогаш порача дека нема повеќе отстапки на патот кон ЕУ, бидејќи државава веќе направила жртви како ниту една друга држава.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

Димитриевски очекува победа на неговата партија во општините каде ќе имаат свои кандидати за градоначалници

Димитриевски: Никогаш нема да поддржиме промена на Уставот доколку не се направи јасна дистинкција на македонскиот јазик

Горан Наумовски

Максим Димитриевски денеска едногласно е избран за претседател на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија

Горан Наумовски

Димитриевски: Денеска ЗНАМ е сериозен политички субјект, кој активно ги креира државните политики и е составен дел на власта

Горан Наумовски

На местата каде ЗНАМ ќе има свои кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ќе не поддржи, вели Димитриевски