Димитриевски: Ќе воведеме електронски систем на услуги во општина Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата предводена од СДСМ, Макским Димитриевски најави воведување електронски систем на услуги и мобилни канцеларии во општината.

– Сакаме да ја отвориме локалната самоуправа за да може секој граѓанин да добие навремени и квалитетни евтини услуги од општината. Граѓаните ќе ги добијат сите потребни услуги и од локалната и од централната власт на едно место. Воведуваме електронски систем на услуги и мобилни канцеларии кои ќе нудат услуга во секое населено место и село. Ги вклучуваме граѓаните во креирањето на буџетот со нов концепт за граѓански буџет. Ја враќаме моќта на месните и урбаните заедници и ги опремуваме со технички услови и го зајакнуваме нивниот капацитет, рече Димитриевски.

Посочи дека ќе обезбедат јавен превоз јавен превоз, пријатни детски градинки, чисти и згреани училишта, поддршка, a додаде дека ќе обезбедат и помош за најзагрозените семејства и лица во општината.

Би можело да ве интересира

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС