Димитриевски кампањата за претседател ја почнува утре од Крушево

Од:

Денес во просториите на Движење „ЗНАМ-За наша Македонија“, кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски ја информираше јавноста дека кампањата за претседател ја почнува утре, од Крушево, град симбол на македонската државност.

Презентацијата на програмата, под наслов Манифест за Македонија ќе се одржи пред споменикот „Македониум“ со почеток во 13 часот.

Програмата на претседателскиот кандидат на Движење „ЗНАМ за наша Македонија“ – Манифест за Македонија ќе опфаќа пет начела и пет приориритети во првите 200 дена.

„Слоганот под кој што ќе ја водиме кампањата ќе биде Максимум за Македонија. Ќе водиме скромна, позитивна кампања која ќе опфати директни средби со
граѓаните, и организација на неколку мини митинзи, од кои два ќе бидат од помасовен карактер“, велат од „ЗНАМ-За наша Македонија“.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји!

А1он

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

Димитриевски го осуди вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Реконструкцијата на Владата ќе биде готова до вторник, ЗНАМ ќе било посилно вели Димитриевски