Димитриевски и кандидатите за советници ја презентираа својата програма пред граѓаните на Куманово

Од:

„Отворена и услужна, општина за сите“ е слоганот со кој кандидатот за градоначалник на општина Куманово од СДСМ Максим Димитриевски, носителот на листата Атина Мургашанска и кандидатите за советници, вкупно 33, се претставија вечерва пред жителите на Куманово, на конвенција во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Нова сала, патна инфраструктура и за руралните средини и урабните заедници, три градинки, гасифицирање на Куманово, почиста животна средина, нова сообраќајна студија, зелени површини, тротоари, патеки за велосипедисти, шеталишта, паркови, вети Димитриевски.

Време е Македонија да му се оддолжи на Куманово, рече и дополни дека листата е составена од претставници од различни политичка партии, верска, национална определба, но сплотени заедно, за да се врати животот во Куманово, во Македонија, истакна Димитриевски.

– Имаме сериозна програма за структурни реформи, за сериозни капитални инвестиции во општината. Бевме оставени на маргините на општеството, дојде време да си го земеме своето, а тоа се седумте проценти кои Куманово ги дава на централно ниво, да ги вратиме назад во форма на капитални инвестиции, да изградиме нов цевковод за комплетно решавање на проблемот со водоснабдувањето во Куманово, нови 500 литри вода во секунда до фабриката за пречистување на вода, нагласи Димитриевски.

Додаде дека граѓаните ќе го почуствуваат бенефитот од реалната гасификација со докапитализација на ЈП „Куманово Гас“, со што, напомена, значително ќе се придонесе за почиста животна средина.

Пред присутните се обрати и носителот на листата, Атина Мургашанска, истакнувајќи дека кандидатите за советници се различни по родова, етничка, професионална структура, а ист е мултиетничкиот концепт за раководење на општината.

– Сите не води иста идеја и цел, што можеме да направиме за општината, а не општината за нас. Сите до еден ќе се вложиме заедно во граѓанскиот концепт за раководење на општината, рече Мургашанска и изрази уверување дека ќе го добијат мозинството во советот.

Додаде дека ќе бидат одговорна, транспарентна власт, која ќе одговара на потребите на граѓаните.

Според генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, со победата на СДСМ на локалните избори ќе продолжи почнатиот процес на Македонија, сите да живеат во слобода и соживот. Рече дека СДСМ спроведуваат реформи кои се суштински и Македонија ја враќаат на евроатлантскиот пат, дека заврши ерата на претходната власт и доаѓа нова каде човекот е центар на вниманието, со закон за минимална плата од 12.000 денари, каде над 3.000 стечајци ќе добијат над 8.000 денари примања, каде се укинати екстерното тестирање и радиодифузна такса, а ефтината тарифа на струјата е вратена назад.

– Големиот предизивик за нашиот иден градоначалник е како да се гради по план, чесно и одговорно, квалитетно, како да се обезбеди инфраструктура во секое населено место во Куманово, како до секоја куќа да има одвод, довод, водовод и канализација, чист воздух и чиста вода за сите нас. Предизвик е општината да продолжи да биде соодветен сервис на граѓаните ид а ги опслужува сите како што и беше досега, да се обезбеди живот за сите во Куманово, рече Кирацовски.

Пред присутните се обрати и шефот на Изборниот штаб на СДСМ во Куманово и претседател на Општинската организација Мартин Костовски, кој рече дека во кампањата ќе влезат во секое населено место, ќе оставарат маалски средби во урбаните и руралните заедници за да ја презентираат програмата.

На конвенцијата во Куманово присуствуваа претставници од СДСМ, потпретседателите на партијата и претставници од извршната власт: Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Мухамед Зеќири, Кочо Анѓушев, пратеници во Собранието од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Димитриевски: Дополнително ќе ги разгледаме опциите за евентуално можно коалицирање со власта

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов