Димитриевски до СДСМ: Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка

Од:

Во рамки на теренската кампања „Заедно знаеме повеќе“, претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски, заедно со генералниот секретар Горан Минчев, остварија средби со граѓани, членови и симпатизери во Вевчани и Струга, информираше Движењето ЗНАМ.

Во своето обраќање, претседателот Димитриевски испрати порака до опозициската партија:

„Венко ги повикува социјалдемократите да се вратат дома. Ех Венко, Венко. Да се вратат во еден од твоите пет стана? Во луксузот на Дубаи? Или во празната, темна зграда на Бихачка што одамна членовите ја напуштија? Политиката на СДСМ е без визија, а раководство на СДСМ е очајно, без надежно, исплашено и во паника“, рече Димитриевски.

Тој истакна дека Македонија нема време за изгубени генерации и дека народот препознава кој нуди решенија, а кој продава магла. Според него, СДСМ е на прагот на историски дебакл, кој е резултат на нивното самобендисано и однародено владеење.

„Граѓаните низ цела држава го чувствуваат тоа. Секој теренски разговор, секоја бројка и статистика укажува на едно – ЗНАМ не само што е најбрзо растечката политичка сила, туку е и гласот на луѓето што предолго беа игнорирани. Доаѓа време кога на локалните избори граѓаните ќе изберат градоначалници и советници што нема да молчат, нема да служат на партиски директиви, туку ќе работат исклучиво за интересите на својот народ. Градоначалници и советници што ќе бидат од народот, со народот и за народот, рече претседателот на ЗНАМ.

– Ова не е само политичка битка – ова е борба за достоинството на секој човек во Македонија. И на овие избори – ќе победат вистината, знаењето и народот, порача Димитреивски.

Генералниот секретар на партијата, Горан Минчев, додал дека движењето ЗНАМ е тука да гради мостови на доверба меѓу политиката и народот и дека секој поединец е важен за процесот на промени што следуваат.

Караванот на ЗНАМ под мотото „Заедно знаеме повеќе“ продолжува низ секое маало, секое село и секој град – со една порака што веќе одекнува низ целата држава: Македонија повеќе нема време за лажни надежи и потрошени политичари. Време е за чесни луѓе, за вистински борци. Време е за ЗНАМ – гласот на народот што никој повеќе не може да го замолчи, известија од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат вака влада

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче дозволил изградба на 16 модуларни болници кои не исполнуваат минимални стандарди

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ ги постави темелите на државата, лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Која гаранција ќе биде конечно доволна за Мицкоски, прашува Филипче

Филипче: Подготвени сме да разговараме за една изборна единица

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се жали не го слушале советниците, или стигна потврда дека не е претседател ниту на советниците на Заев