Димитриевски денеска од Скопје порача: Ниту досега, а ниту од сега, па натаму ќе се пазариме по било кој основ по било која цена

Од:

Максим Димитриевски, кандидатот за Претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија денеска имаше средби со граѓаните на Скопје. Во изјавата за медиумите Димитриевски со следната порака до оние, како што рече, во минатото се претставувале како зелени, а сега како Европски фронт, а всушност имаат една монолитна и моноетничка политика со крајна цел да се трансформира Македонија од прост во сложен тип на држава:

„Било какви уставни измени во однос на избор на претседателот на Македонија во Собрание, а не на непосредни избори за мене како кандидат, а и за политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија се неприфатливи. Ниту до сега, ниту од тука па натаму ќе се пазариме по било кој основ за било која цена.

Тоа го ставивме во нашата програма, која ја презентиравме и сеуште ја презентираме до граѓаните, рече тој.

„Евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ и менувањето на сегашниот начин на избор на Претседател на Републиката, за мене се неприфатливи бидејќи ги подриваат фундаментите на кои почива Охридскиот рамковен договор, за којшто сметам дека е 100 посто реализиран“, дообјасни Димитреивски, цитирајќи ја програмата.

Запрашан што би издвоил од Програмата, што реално ги поставува проблемите на граѓаните, Димитриевски одговори:

„Мојата програма се вика „Манифест за Македонија“. Има пет приоритети и пет основни начела. Приоритетите се дадени со конкретни рокови. Значи едно од најбитните приоритети се однесува на тоа дека во првите 100 дена од позиција на Претседател ќе се заложам за креирање на државна стратегија за борба против корупцијата и организираниот криминал. Тоа Претседателот може да го стори, а е повеќе од потребно во нашата држава. Како што гледате во сите последни извештаи Македонија се соочува со се повисоко ниво на корупција и криминал и тоа дополнително ја слабее
државата. Дополнително според анализите на Светска банка економскиот раст во Македонија стагнира и сме најниски во целиот регион. Кога ќе ја спречиме корупцијата со еден организиран облик на делување, државата треба да и објави војна на корупцијата, рече Димитриевски и додаде – Како ?
Со вистински лидер, на вистинско место, којшто ќе даде целосна поддршка на сите институции на системот да работат против корупцијата. Да не зависат од политичките субјекти. Да го земам последниот пример со Државната комисија за спречување на корупција, ДКСК. Имавме смена во раководството, поранешната претседателка излезе пред јавноста и даде отчет колку предмети имаат протестирано, а нема никакво епилог од
истите. Значи ни треба посериозно, поцврсто тело кое нема да зависи од политичката воља и ќе има поголеми надлежности. Согласно истата Стратегија, сметам дека откако ќе се избориме со корупцијата во државата можеме да настапиме понатаму да ги решаваме и останатите проблеми и да дојдеме до конечната цел, само одржливост на Македонија и да бидеме свои на своето.

При тоа секако треба да се насочиме и кон евроинтегративниот процес, кој според мене треба да продолжи, но Македонците таму треба да влезат не со свиткана кичма, туку со крената глава, што значи македонски јазик во континуитет, нација, сопствена историја и секако реципроцитет“, рече Димитриевски за медиумите, денеска во Скопје.

Караванот на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски вечерва ќе го посети Гостивар.

Би можело да ве интересира

Димитреивски: Нема договор за коалиција до овој момент, партиското раководство ќе одлучува за поддршка на претседател

Горан Наумовски

Димитриевски од Кавадарци: Се роди нова политичка опција, никогаш повеќе во државата нештата нема да бидат исти

Максим Димитриевски во Кавадарци, Неготино и Прилеп

Горан Наумовски

Максим Димитриевски: Пендаровски, разликата е огромна, откажи се и остави не да победиме во вториот круг

Анита Петровска Рајковиќ

Димитриевски: Водевме нерамноправна битка, граѓаните препознаваат

Катерина Ѓуровски

Димитриевски денеска од Радовиш порача: Зелените од Европскиот фронт со скандирањето на УЧК во Скопје излегоа од јагнешките кожи и се прикажаа во вистинското светло

Предраг Петровиќ