Димитриев: Аеродром мора да се развива, не само да се гради

Од:

Аеродром мора да се развива, не само да се гради, вели кандидат за градоначалник на Општина Аеродром на Левица Марјан Димитриев, се вели во партиското соопштение.

„Левица предлага иновативен проект – ТЕХНОЛОШКИ ПАРК во Општина Аеродром. Овој проект има за цел да го преобликува карактерот на нашата општина, носејќи економска, технолошка и урбана разновидност – наместо едноличноста каде сѐ што се гради се само станови.

Технолошкиот парк ќе биде мултифункционален развоен кластер кој ќе ги поврзува ИТ секторот, старт-ап компаниите, истражувачите и жителите. На едно современо место што ќе пулсира со енергија и креативност.

Во состав на паркот ќе има и градинка, јавни и комерцијални објекти, за удобност и корист и на вработените и на локалните жители. Ова е визијата на Левица за паметен, функционален и жив Аеродром. Општина што нуди можности, не само ѕидови, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира