Димитриеска Кочоска: Забеганоста на владата нема крај, во услови на енергетска и екеономска криза трошат пари за риба и октоподи

Од:

Освен зборот забеганост јас не можам друго да кажам. Затоа што во услови на економска и енергетска криза, кога повеќе од 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата тие прават ваква јавна набавка, вели Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира набавката за риба и октопод за владата на СДСМ.

Димитриеска Кочоска потенцираше дека наместо парите да се пренаменат за мерки за социјално ранливите категории во услови кога цената на електричната енергија драстично расте, како и на основните продукти, власта продолжува да се луксузира.

– Наместо тие пари да ги пренасочеа за мерки за социјално ранливите категории, ние до овој момент гледаме дека мерки за поддршка на овие категории немаме поготово во овие услови кога вака драстично скокнаа цените на електричната енергија и последните сметки кои што ги добиваме како домаќинства, истакна Димитриеска Кочоска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски