Димитов-Петерсен: ОДИХР ќе го набљудува референдумот со 270 набљудувачи

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров се сретна со со амбасадорот на Норвешка, Јан Петерсен, кој е шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за Референдумот на 30-ти септември 2018.

Димитров изрази задоволство од прифаќањето на неговата покана – ОДИХР да испрати набљудувачка мисија за Референдумот во Република Македонија. Го истакна историското значење на актуелните процеси, како и на можноста граѓаните преку овој демократски чин да ја искажат својата волја по прашањето, кое е од огромна важност за иднината на земјата и нејзините стратешки определби за интеграција во НАТО и ЕУ, но исто така и врз политичкото стабилизирање на Регионот. Министерот Димитров ја реафирмира подготвеноста на Република Македонија за продолжување на соработката со ОДИХР, а посебно за подобрување на изборните процеси кај нас, кои комплементарно придонесуваат за достигнување на бараните европски стандарди, важни за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Амбасадорот Петерсен се заблагодари од можноста за средба и ги пренесе основните информации за оваа мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Информираше и за планираните активности на Набљудувачката мисија во период до Референдумот и на самиот ден на изјаснување, која инаку согласно препораката на Мисијата за проценка на потребите на ОДИХР би требало да брои околу 270 набљудувачи.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов