Димитар Ковачевски избран за мандатар на идната Влада

Од:

„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата“, напиша Димитар Ковачевски, откако Централниот одбор на СДСМ го изгласа за нов мандатар.

Седницата на Централниот одбор вечерва продолжува со избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ.

„СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отвoрена за вклучување нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, напиша Ковачевски.

Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска поднесе оставка од позицијата потпретседател на СДСМ, исто како и генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, заменик на Претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

Ковачевски пред почетокот на седницата изјави дека „не ги дели кадрите на стари и нови, туку на оние коишто придонеле повеќе или помалку во развојот на партијата“.

„Во медиумите се појавија голем број на имиња коишто значат нешто во Социјалдемократскиот сојуз и коишто во минатото обавувале високи партиски и државни функции. Да оставиме Централниот одбор да ги донесе одлуките“, рече Ковачевски, додавајќи дека тој ќе предложи Извршен одбор каде што ќе бидат застапени 50 отсто жени и 50 отсто мажи, за да се запази родовата еднаквост за која се залага Социјалдемократскиот сојуз.

„33 отсто ќе бидат млади, што е исто така статутарна одредба и ќе бидат запазат сите плански региони во државата“, рече Ковачевски.

Според досегашните информации од СДСМ, за нов организациски секретар на СДСМ ќе биде избран Вангел Андрески, поранешен директор на ПОЦ, Бојан Маричиќ ќе биде секретар за меѓународна соработка, а Миле Зечевиќ генерален секретар.

За нови потпретседатели на СДСМ се споменуваат Бисера Костадиновска Стојчевска, Перо Костадинов и Фатмир Битиќи, а постои можност да се приклучи и ексградоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он