Синоќа во скопската населба Тафталиџе, службен џип „туарег”, сопственост на Агенцијата за вработување удрил во неколку паркирани возила на улицата Алжирска. Очевидците тврдат дека алкохолизирниот шофер бил заменик министерот за труд и социјала, кој потоа побегнал и ја оставил сопатничката сама во возилото.
Полицијата која изутринава собира искази од очевидците, потврдува дека синоќа на улицата „Алжирска“ се случила сообраќајна несреќа и дека шоферот на возилото што ја предизвикало несреќата избегал. Во „туарегот“ останала сопатничката Т.К.
Од МВР повеќе информации најавуваат во текот на денов.