ДИК: Одѕивот до 9 часот е 5,19 отсто, гласале 94.167 граѓани

Од:

Во првите два часа од гласањето на десеттите по ред парламентарни избори на гласање излегле 5,19 отсто од запишаните гласачи во Избирачкиот список односно 94.167 гласачи. Право на глас имаат 1.814,263 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Државната изборна комисија соопшти дека одѕивот до девет часот е од 2326 избирачки места од вкупно 3480.

Најголем одѕив имало во Кривогаштани каде на гласање излегле 13,1 % од гласачите, а најмал одѕив е забележан во Липково, 0.93%.

„Во Првата изборна единица одѕивот до 9 часот е 6,58 отсто. Најголем одѕив има во Аеродром 10,13 отсто, а најмал во Студеничани – 1,81 отсто. Во изборната единица два одѕивот е 4,58 , со тоа што најголем бил одѕивот во Ѓорче Петров – 8,05 , а најмал во Липково 0,93 отсто. Во изборната единица три одѕивот е 6,1 отсто, најголем одѕив има во Крива Паланка 8,31 отсто и Пробиштип 10,25 отсто. Во изборната единица пет одѕивот е 5,22 отсто. Во оваа изборна единица најголем одѕив има во Кривогаштани – 13,01 отсто, а најмал во Центар Жупа 1.01 отсто. Во изборната единица шест одѕивот е 2,50 отсто, најголем бил во Јегуновце 4,17 отсто, а најмал одѕив во оваа изборна единица има во Врапчиште 1,39 отсто“, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија.

Тој не ги соопшти резултатите од изборната единица четири. Сите 3480 избирачки места се отворени навреме и гласањето се одвива без проблеми.

Шабани информираше дека во понеделникот гласале 723 граѓани позитивни на Ковид -19 и во изолација.

Од вкупно пријавени 8.852 болни, немоќни и хронично болни гласале 8.325 односно 94, 04 отсто.

Во 13 затвори од 1.657 запишани во избирачкиот список гласале 1.272 односно 76,76 отсто.

Во 17-те старски домови од 357, гласале 234 избирачи односно 80,62 отсто.

Шесте внатрешно-раселени лица не гласале.

Портпаролот Шабани потсети дека гласањето се врши со заокружување на редниот број со пенкало во сина боја. Тој ги повика граѓаните кои сметаат дека им е прекршено избирачкото право во било која фаза од изборниот процес да понесат приговори до општинските изборни комисии кои треба да им помогнат во пополнувањето на апликацијата и да им одговорат.

За сите прашања поврзани со гласањето активен е бесплатниот број 0800 555 44 на кој граѓаните можат да постават прашања или да остават коментар за ДИК.

„На овој број граѓаните што ќе се јават ќе мора да остават податоци за да може ДИК да им одговори“, рече портпаролот Шабани.

За лицата со оштетен говор и слух отворена е линијата 076 488 360 каде што имаат можност на знаковен јазик преку видео повик да постават прашање и да добијат одговор во врска со изборниот процес.

 

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он