ДИК: Немало прекин ниту инцидент во Бутел, недоразбирањето околу фотографирање на гласачко ливче е надминато

Од:

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани вели дека инцидент немало. Недоразбирањето било надминато, а процесот на гласање не бил спречен во ниту еден момент.

„Во Бутел се работело за едно недоразбирање кое е надминато. Немало ниту прекин ниту било каков друг инцидент во конкретното избирачко место“, рече портпаролот Шабани.

Дел од медиумите јавија дека гласањето во Бутел било прекинато откако гласач го фотографирал избирачкото ливче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа