ДИК го отфрли барањето на Чулев за решението за новиот началник на СВР Тетово

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го отфрли доставеното барање за мислење на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за поништувањето на владиното решение за назначување на нов началник на СВР Тетово и посочи дека тоа е во надлежност на Државната комисија за спречиување на корупција ДКСК.

Барањето на Чулев се однесува за оценка на ДИК за законитост на акт во врска со поништувањето на Решението за именување на Гоце Јанкулоски на работното место началник на СВР Тетово, а како што беше појаснето на седницата, се работи за правен однос меѓу Владата и техничкиот министер за што ДИК нема законски овластувања да постапува.

На седницата беше кажано дека ваквите барања кои се однесуваат на „забрани за именување и разрешување за време на распишани избори“, за тоа е надлежна Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

– Односот меѓу министерот и Владата која постапува изрично за тоа дали некоја одлука е законска или не е, не е во надлежност на ДИК. Во однос на содржината на прашањето поставено за потреба од носење решенија за именување, ова прашање кое произлегува од барањето на министерот е неосновано и не навлегува во нашите надлежности, посочија од ДИК.

Оттаму апелираат министрите и замениците министри да ги почитуваат членовите од Законот за Влада и да не поднесуваат вакви барања кои се беспредметни.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка