ДИК: Гласањето за изборите во Штип и Пласница без проблеми

Од:

Сите гласачки места во казнено поправните установи за предврмените избори за градоначалник на општините Штип и Пласница се отворени утрово во 7:00 часот и гласањето таму ќе трае до 19:00 часот. До овој момент гласањето тече без никакви проблеми, соопшти Државната изборна комисија.

На гласачките места во казнено поправните установи на територијата на РСМ своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип и еден гласач од општина Пласница.

-Во текот на денешниот ден избирачките одбори ќе го спроведат и гласањето на лица кои се болни или немоќни, или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 глсачи во оптина Штип и 76 гласачи во општина Пласница. Денеска се спроведува гласање во еден центар за вонсеменја грижа каде што се сместени 2 гласачи кои се од општина Штип, информираат од ДИК.

Најавуваат информации за денешното гласање најдоцна до 19:30 часот.

Би можело да ве интересира

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски