Дијаспората со Заев и СДСМ

Од:

„После изборите на 24 април идната година промените ќе се случат и реформите ќе почнат, порача претседателот Зоран Заев.

Граѓани од дијаспората на Македонија во Словенија, поддржувачи на политиките на претседателот Зоран Заев и на СДСМ, синоќа се состанаа во Копер, Словенија.

Во присуство на претседателот Заев формиран е иницијативен одбор за регистрирање на општинска организација на СДСМ во Копер што ќе работи со бројните заинтересирани граѓани, иселени од Македонија во Словенија, кои сакаат да се вклучат и да придонесат во демократските промени во Македонија.

Zaev so dijasporata2

-По победата на 24 април, СДСМ ќе создаде услови да запре иселувањето. Ќе овозможиме да се вратат граѓаните кои во потрага по егзистенција биле принудени да заминат од родната земја и својот живот и работа да го продолжат во Македонија, рече претседателот Заев.

На средбата присуствуваа граѓани од различни националности: Македонци, Албанци, Турци.

Заеднички е констатирано дека масовното иселувањето на над 600.000 граѓани од Македонија е резултат на катастрофалните политики на Никола Груевски изминатите 10 години.

Изразена е силна поддршка на заложбите на претседателот Заев и СДСМ за градење на единствена Република Македонија, едно општество за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски