Дигестивна хирургија треба да продолжи со редовна работа

Од:

ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија од денеска треба да продолжи со редовна работа.

Лекарскиот колегиум на Клиниката за дигестивна хирургија на 11-ти ноември едногласно одлучи дека тој ден и следните два (12 и 13 ноември) нема да оперираат елективни случаи и да врши елективни амбулантски прегледи, а итните случаи соодветно ќе ги згрижува.

Како причина за тоа го наведоа нивниот револт и разочараност поради обидот за убиство на нивниот колега на 9 ноември на неговото работно место, реакциите на јавноста, повиците за линч на лекарите и ширењето лажни информации.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор