Дигестивна хирургија: На пациентката и е укажана навремена и целосна здравствена заштита

Од:

Лекарскиот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје испрати соопштение до јавноста кое ви го пренесуваме во целост.

Javno Soopstenie 001

Лекарскиот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје изразува  шокираност и огромна разочараност од грозоморниот чин кој денес на 09.11.2015 се случи во утринските часови на  ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија-Скопје, при кој беше нападнат наш колега со огнено оружје на неговото работно место. Среќна околност во целата несреќа е што не е смртно повреден, а биле испукани повеќе куршуми од кои три завршиле во телото на колегата.

Имено дежурниот хирург примил пациентка на 57 годишна возраст, како итен случај со комлициран карцином на жолчното ќесе со создавање на гноен процес во жолчното ќесе. По соодветната припрема истата е оперирана. Пациентката била претходно  доиследена  од  страна  на  гастроентерохепатолог  и  кардиолог. Констатирано е дека се работи за пациентка со мноштво жлезди во абдоминалната шуплина, градната шуплина и вратот, а воедно и со тешка срцева слабост и течност во белите дробови и перикардот. Кај пациентката било констатирано и оштетување на бубрезите од втор степен. Со оглед дека се работи за гнојно воспалено жолчно ќесе во ваквите случаи постои опасност од негово прскање. Во таа насока дежурниот хирург,  односно  настраданиот  колега,  професионално  и  стручно  согласно медицината базирана на докази и медицинските протоколи ги има превземено сите потребни мерки и укажал навремена и соодветна здравствена заштита на пациентката.

ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија-Скопје како дел од терциерното највисоко здравство од здравствениот систем на нашата Држава секојдневно се соочува и лекува исклучително комплицирани случаи како овој со бројни пропратни заболувања кои и покрај сите напори и укажана здравствена заштита понекогаш завршуваат со смртен исход, а тоа никако не значи дека треба да се соочуваме со вакви брутални случувања.

Бараме од надлежните институции под итно да ги расветли околностите при кои е тешко повреден нашиот колега на своето работно место со цел сторителите да ја добијат заслужената казна, а исто така да се создадат итни услови за безбедна работа на хирурзите за да можеме непречено да продолжиме со работа.

Нашите мисли се со колегата и неговото семејство и посакуваме што побрзо да се врати на своите хумани должности во интерес на пациентите.

Во име на Лекарски колегиум

В.Д. Директор Проф. Д-р Александар Караѓозов

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада