Дезинфицирани улиците на Карпош за време на полицискиот час

Од:

За време на полицискиот час викендов активно работеа комуналните служби на Општина Карпош кои миеја и дезинфицираа улици во урбаните заедници „Владо Тасевски“ (Млечен), Карпош 1 и Карпош 2.

Интензивно работеа двете цистерни на локалната самоуправа, со кои во изминатиот период се дезинфицираа голем број јавни површини – локални улици, плоштади, платоа, фреквентни места.

-Градоначалникот Стефан Богоев, кој го предводи и Општинскиот кризен штаб, во текот на викендот, направи обиколка низ населбите во Карпош, Пожарната бригада и маалските дежурни продавници. Воочливо е дека граѓаните го почитуваат полицискиот час, а субјектите кои имаат дозвола за достава на храна и лекови работат по претходни нарачки од страна на граѓаните, соопшти Општина Карпош., која ги повикува сите граѓани да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски