Дезинфицирани се супермаркетите во општина Центар

Од:

Општина Центар континуирано продолжува со грижата за здравјето на своите граѓани и преземање мерки за спречување на ширење на опасниот вирус Ковид-19.

По препорака на општината, извршена е дезинфекција на супермаркетите на територија на општината. За безбедност на купувачите и вработените дезинфицирани се маркетите на Веро, Тинекс, Рамстор, Жито маркет, Кам маркет и Стокомак, и тоа корпите и количките за пазарување, подовите и површините кои се во допир со потрошувачите, како што се фрижидерите, услужните пултови, наплатните каси и вратите.

Општина Центар спроведе повеќе големи акции за дезинфекција на јавните површини со кои беа опфатени улиците, парковите, детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема.

Извршена е и дезинфекција на сите влезови во станбените згради и поставивени се гелови за дезинфекција на раце во влезовите. Дезинфицирани се и сите воспитно-образовни установи на територијата на општината.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ уште еднаш упатуваат апел до сите граѓани доследно да се почитуваат предвидените мерки за зголемена безбедност со што ќе се спречи ширењето на вирусот.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец