Дезинфициран објектот каде се одржал симпозиумот на дерматозлози, по него немало други настани

Од:

Од ресторанот „Рагуза 360“ денеска преку соопштение информираат дека по одржувањето на симпозиумот на дерматовенеролози не организирале друг настан.

Објектот, посочуваат оттаму, е дезинфициран од Институтот за јавно здравје. Тие негираат дека вработените од ресторанот имале контакт со докторката, која е директорка на Клиниката за кожни болести и е заболена од коронавирусот, а која учествувала на симпозиумот.

-Согласно денешните написи во медиумите за стручното предавање на дерматолозите одржан изминатата сабота, 7 март 2020, во нашиот ресторан „Рагуза 360“ би сакале да ја известиме јавноста дека нашите вработени не беа во директен контакт со заболената пациентка од коронавирус, која предаваше на настанот. По одржување на настанот до денеска немавме одржување на други настани или прослави, се вели во соопштението.

Во него се додава дека телефонски разговарале со своите вработени, како и тие кои што директно служеле во салата.

-Тие засега немаат симптоми, но сепак одлучивме да се дома, да не доаѓаат на работа и да направат тест за вирусот, велат од ресторанот.
Тие додаваат дека откако ја дознале информацијата за заболената докторка, веднаш побарале од Институт за јавно здравје темелно да извршат комплетна дезинфекција на објектот.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска