Дезинфекција на објектите на АДСДП

Од:

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката спроведува темелна, вонредна дезинфекција на 20 социјални згради лоцирани низ целата територија на државата, 4  катни гаражи со кои стопанисува, 11 подружници, како и Дирекцијата.

Акцијата е во согласност со препораките на Владата за заштита и превентива од вирусот КОВИД-19.Станува збор за третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми од површините.

Средството кое што се употребува е еколошко, односно покрај својата голема ефикасност е  и потполно безбедно за околината.

Во насока на грижата за здравјето на станарите,АДСДП на социјалните згради  истакна известување со препораки како да се постапува во случај на епидемија.

Акцијата на спроведување дезинфекција ќе се спроведува и во наредниот период, секако во зависност од потребите и во согласност со препораките на Владата.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска