Дезинфекција на локалните улици во тетовскиот регион

Од:

На подрачјата на тетовскиот регион кои беа зафатени со поплавите се врши дезинфекција на локалните улици.

Акцијата започна вчера во вечерните часови и ќе се спроведува и во текот на денешниот ден, во периодот од 23 часот до 6 часот наутро.

Станува збор за организирана интердисциплинарна акција во која се вклучени повеќе надлежни институции, меѓу кои Министерството за здравство, Армијата на Република Македонија, локалната самоуправа преку јавното комунално претпријатие и Министерството за внатрешни работи во делот на логистичката поддршка.

Министерството за здравство денеска информира дека во моментот во подрачјата кои беа зафатени од поплавите нема опасност од контаминација и ширење заразни заболувања и оти дезинфекцијата се спроведува превентивно, според препораките од експертите од областа на хигиената и епидемиологијата.

– Со оваа акција се заокружуваат активностите за расчистување на подрачјата зафатени од поплавите и навремена реакција и спречување на појавата на можни последици од истите, се наведува во соопштението од Минисетрството за здравство.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот