Дваесет и едногодишна девојка починала, а нејзината постара сестра (22) се лекува на скопските клиники откако се затруле со јаглероден моноксид во просторијата во која спиеле во долнореканското село Скудриње. Според првичните информации на полицијата, настанот бил пријавен вчера, по што екипа на крим полицијата излегла на терен и извршила увид.
Двете сестри, спиеле во помошна просторија на семејната куќа, која се затоплувала со печка на дрва. На родителите им станало сомнително што девојките не се разбудени и влегле во просторијата, но тие биле во бесознание. Набрзо им е пружена помош во здравствениот дом во Ростуше, а отука препратени за Гостивар, но по патот помладата Е.М. починала. За животот на Р.М. лекарите успеале да се изборат.
Како дошло до труењето и кои се причините за трагичниот настан, ќе се утврдува со истрага која ја води јавен обвинител од гостиварското обвинителство.
Од се уште непознати причини дошло до труење со отровен гас, најверојатно јаглероден моноксид.