Девојче е првото бебе во Куманово

Од:

Првото бебе во Куманово е девојче, второ дете во семејството Асанови од Крива Паланка. Мајката Хамиде и новороденчето се во добра здравствена состојба.

Девојчето е родено вчера во 17.10 со царски рез, тешко е 3,6 килограми, долго 49 сантиметри.

-Посакувам да биде здраво, живо и среќно, изјави мајката.

Претставници од општинската власт и од болницата и однесоа соодветни подароци.

-Ѝ посакав прво таа да се опорави, девојчето да е живо, здраво и среќно. Да си ја сака државата, да си остане овде да придонесува, изјави претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

Надлежните од болницата очекуваат плодна година, зголемување на трендот на раѓања на акушерскиот оддел во болницата.

– Раѓањето на женски плод наговестува плодна и бериќетна година. Имаме тренд на намалување на раѓањата, за жал и се надевам дека ова е предзнак и за зголемување на бројот на раѓањата, рече директорот Стефан Трајановски.

Началничката на одделот, д-р Софија Трајковиќ појасни дека тимот има седум специјалисти, добиваат помош од лекари од Скопје и со тоа, успеваат да го покријат 24-часовното работење.

– За ден и половина имаме две бебиња, двете се женски пол, двете се добри, мајките се, исто така, добри. Моментално има една пациентка во предпородилна сала, изјави Трајковиќ.

Минатата, 2024 година имало 688 раѓања во кумановската болница, што е тред на опаѓање зашто во 2023 имало 730, а кумановската општа болница е единствено родилиште за североисточниот регион.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он