Деветти меѓународен семинар по албанологија

Од:

Сто и дваесет научници и професори учествуваат на Деветтиот меѓународен семинар по албанологија што денеска свечено беше отворен во амфитеатарот на Државниот универзитет во Тетово, кој се одржува под мотото „Локалното и универзалното во албанската култура“.

Научните работници во двата дена од семинарот ќе работат поделени во четири области – книжевност, лингвистика, историја и етно – култура.

Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми, кој присуствуваше на свеченоста, посочи дека семинарот по албанологија има изградено солидна традиција и претставува стабилна институција но, како што рече, за да продолжи да остане така, треба повеќе да се инвестира со цел да се развива во чекор со светските научни трендови што се многу тешки за следење поради техничките, технолошките и другите достигнувања.

– Науката и културата се концептуално посебни идентитети. Но во суштина имаат унифицирана материја. Во сите дефиниции за науката и културата идеите се описни и капиларни кои што во суштина претставуваат комплементарни и обединувачки идеи. Иако хронолошките и историските студии за науката и културата во албанскиот свет се во емпириска фаза и не се многу развиени сепак од прв поглед може да се констатира дека науката, културата и јазикот на вековното патување на албанскиот народбеа неопходни инструменти за националната еманципација, изјави министерот Адеми.

За ректорот на ДУТ Вулнет Амети ваквите собири уште еднаш ја потврдуваат подготвеноста на Универзитетот за соработка во областа на наставната и научната дејност.

– Овој семинар со години го третира придонесот на албанолозите од странство за студирање на албанскиот јазик, литература и култура, односите на албанскиот јазик и литература со другите јазици, литератури и култури од Европа и светот, албанската национална историја и односите со соседните народи и нивните култури особено за негување на вредности од културното наследство на народот. Значењето на овој научен собир е во тоа што придонесува во голема мера и за размена на искуствата меѓу научните работници, учесници на овој семинар, преку комуникација и дебата со што и ќе се отстранат можните пропусти од научното истражување на овие проблематики со позитивна намера албанолошките науки да напредуваат паралелно со другите науки од многу области, рече Амети.

Научните, историските, етно-културните и јазичните сесии ќе се оджат денеска и утре во просториите на филолошкиот факултет на ДУТ во Тетово и меѓу темите предвидени за презентација и дебата ќе бидат „Македонија – историски и сегашен проблем”, ”Албанските канони“, “Албанската книжевност создавана во Македонија како интегрален дел на албанската книжевност“ како и “Лексичките, дијалектните и регионалните пристигнувања во областа на албанскиот јазик“.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза