Деветооделенка од Крива Паланка првонаградена на меѓународен натпревар за франкофони

Од:

Во конкуренција на ученици од пет основни училишта од Белгија, Србија, Грузија и Македонија, Камелија Алексовска, ученичка во деветто одделение во основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“, Крива Паланка, ја освои првата награда на Меѓународниот натпревар „Дигитални креации на младите“.

Право на учество имаа сите ученици кои го изучуваат францускиот јазик и се на возраст до 12-15 години. Учениците, под менторсто на нивните професори по француски јазик, изработуваа цртежи и видеа на тема „Нашата иднина”.

– Учениците од ООУ „Јоаким Крчовски” достојно се покажаа како вистински франкофони и постигнаа врвни резултати на овој натпревар во рамките на кој беа доделени повеќе награди на државно и меѓународно ниво. Камелија Алексовска од деветто одделение освои награда за најдобар цртеж на меѓународно ниво, додека Јан Митовски, награда за најдобро видео на државно ниво и Фросина Павловска – награда за најдобар цртеж на државно ниво, информира Елена Николовска, професор по француски јазик и ментор на наградените ученици.

Сите цртежи и видеа изработени во рамките на овој проект беа презентирани во Париз, од страна на организаторот и беа прогласени победниците.

– Овој натпревар е како подготовка за проектот „Семантис 2“ , во кој младите кривопаланечки франкофони досега имаа можност да ги претстават своите познавања на францускиот јазик и да ги усовршат. Во рамките на „Семантис“ ова основно училиште реализираше активности во партнерство со други европски училишта и го промовираше културниот диверзитет и повеќејазичноста на интернет. Проектот се залага и за зајакнување на соработката во областа на образованието и користењето на нови технологии со цел да се фаворизира мобилноста на основците и да се поддржи пристапот до образование и технолошки иновации во училишен котекст, дополни Николовска.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза