Девет танчерки и пејачки од Македонија и Албанија нелегално работеле во објект во тетовско Желино

Од:

Девет танчерки и пејачки од Албанија и од Македонија нелегално работеле во објект во Желино, Тетово.

Според информациите на МВР, во акција на полицијата спроведена ноќеска во угостителски објект во село Желино, сопственост на 46-годишeн жител на ова село, затекнати се девет женски лица кои работеле како пејачки и танчерки.

Од нив три биле од Република Албанија, а шест биле македонски државјанки. Трите албански државјанки на возраст од 25, 30 и 33 години се приведени во Полициската станица Тетово и потоа предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и раедмисија за натамошна постапка. Сопственикот на објектот ќе биде повикан во Полициска станица Тетово.

Би можело да ве интересира

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар