Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.
Од нив, четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни телесни повреди се здобиле четворица возачи на патнички моторни возила, еден сопатник и еден пешак.
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Градот Скопје спроведе општа контрола на возачите и возилата. Во оваа насока откри и санкционира 14 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, седуммина возачи непрописно се престроиле пред крстосница, двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница.
Вчера Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај реализира сообраќајна поука со граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи кои со возилата непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, како и возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.
Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ЦОУ „Наим Фрашери“ и подрачното основно училиште во населено место Моране кои се наоѓаат на подрачјето на општина Студеничани со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска има најава за вонреден настан. Политичката партија ДУИ ќе организира предизборен митинг. Истиот ќе се одржи во 19 часот на плоштадот „Скендер бег“. Со цел овозможување на безбеден и уреден сообраќај ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување. Во зависност од моменталните состојби сообраќајот ќе биде пренасочен по бул. „Гоце Делчев“ од крстосницата со бул. „Крсте Мисирков“ до крстосницата со бул. „Илинден“ и бул. „ВМРО“ во непосредна близина на Владата на РМ, како и по ул. „Филип Втори Македонски“ од крстосницата со ул. „Кеј 13 Ноември“ пред х. „Холидеј ин“.