Девет сообраќајки во текот на вчерашниот ден во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и една со материјална штета.

При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди а 10 – со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 25 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Исто така од сообраќај се исклучени и 22 возачи – 18 го управува возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, додека четири лица возеле под дејство на алкохол.

Поради истечена важност на сообраќајната дозвола од сообраќај се исклучени 12 возила, а две биле технички неисправни. Тројца возачи се санкциониран бидејќи поминале крстосница на црвено светло, пет возачи неправилно се престроиле, додека тројца неправилно престигнувале.

Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминале коловоз надвор од пешачки премин. Покрај ова, во текот на изминатиот ден издадени се 112 мандатни платни налози и 92 возила се подигнати со “Пајак”.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози