Девет сообраќајки во текот на вчерашниот ден

Од:

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни поввреди, три со телесни повреди и пет со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 16 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување.

Еден возач е исклучен од сообраќајот бидејќи управувал возило под дејство на алкохол како и тројца возачи – почетници. Од сообраќајот исклучени се вкупно 10 нерегистрирани возила. Во текот на изминатиот ден, исто така, издадени се 107 мандатни платни налози за непрописно паркирање, додека 64 возила се подигнати со “пајак”.

Наедно, 19 возачи се санкционирани затоа што во своите возила не поседувале пропишана зимска опрема а тројца возачи поради неправилно престројување. Во текот на вчерашниот ден санкционирани биле и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и седум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ