Девет сообраќајки во Скопје за 24 часа

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Од нив, четири сообраќајни незгоди се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, шест сопатници и еден возач на мотоцикл.

Се случиле и две сообраќајни незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци, а со полесни повреди еден возач на мотоцикл.

Во текот изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 30 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, седум возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница. Санкционирани се и шест пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера сообраќајната полиција отстранила 63 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Петар Поп Арсов“ кое се наоѓа на територијата на општина Карпош со учениците од второ и четврто одделение.

Со почеток во 11 часот продолжува мирниот протест на Здружението на автошколи, возачи и инструктори на „Обука Л“ на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Од сообраќајната полиција известуваат дека и денеска во време од 9 до 13 часот на крстосниците во централното градско подрачје ќе биде реализирана обука за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе биде реализирана од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он