Девет сообраќајки во Скопје изминатите 24 часа, две лица лесно повредени

Од:

Две лица се здобиле со лесни телесни повреди во две сообраќајни незгоди од вкупно девет што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 52 возачи со поголема брзина од дозволената, тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 19 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило

За непрописно паркирање се издадени 76 казни, 18 за нерегистрирани возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 67 возила.

Казнети се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и еден возач за неправилно престигнување.

За некористење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл санкционирани се 17, за неносење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторното возило 17, седум возачи за неносење сигурносен појас за време на управување на моторните возила и 12 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторни возила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози