Девет сообраќајки изминатото деноноќие

Од:

Девет сообраќајки се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје, од кои во две со полесни повреди се здобиле еден сопатник и еден пешак, а во шест е констатирана материјална штета. Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил велосипедист.

Сообраќајната полиција санкционирала 19 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и кои се исклучени од сообраќај, осум возачи кои поминале на црвено светло на семафор, 37 возачи кои со возилото непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, како и 10 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 53 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска со почеток во 18 часот и 15 минути во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу екипите на Вардар и Брест Мешков, Белорусија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки, а во зависност од моменталните состојби можно е и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он