Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени

Од:

Во изминатите 24 часа во Скопје се случиле девет сообраќајки, а шест лица се здобиле со лесни телесни повреди. Регистрирани се пет сообраќајки со материјална штета.

Сообраќајната полиција исклучила 18 возачи од сообраќај. Шест од нив биле возачи почетници, а 12 се исклучени пред да се стекнат со право на управување моторно возило. Од сообраќај биле исклучени и 16 нерегистрирани возила.

Во изминатите 24 часа непрописно биле паркирани 97 возила, а 68 се подигнати со специјалното возило „пајак“.

Четири возачи поминале на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на пешаци, еден неправилно се престроил, а двајца неправилно престигнувале.

Одделението за Превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Братство“ во општина Карпош, во рамките на сообраќајно-воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози