Девет семејства добиле трето дете во Делчево и Македонска Каменица

Од:

Заклучно со овој месец во општините Делчево и Македонска Каменица девет семејства добиле трето дете со што вкупниот број третородени деца во последните 8 години изнесува 194.

Како што истакна вд директорот на ЈУМЦСР Делчево, Николчо Захариевски, вкупниот износ средства кои се исплаќаат за третородено дете изнесува 8.694.269.

Посочи дека износот на средства за исплата месечно е 8.364 денари, а за годинава се исплатени до 8.694269 денари.

– За да се оствари правото на паричен надоместок за трето дете треба да се исполнат одредени услови: мајката да е државјанин на Република Македонија и да не живее и да не работи во странство, да достави доказ дека децата од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа од социјална заштита, згрижувачко семејсво или не се дадени на посвојување, дека не и е одземено родителското право на мајката над децата од претходниот ред на раѓање издаден од надлежниот суд, доказ за мајката за извршени здравствени прегледи и контроли за време на бременоста, доказ за редовно вакцинирање на детето издаден од соодветна здравствена установа и изјава на мајката за редослед на раѓање на децата, истакна Захариевски.

Тој потенцира дека во последно време на трето дете се одлучуваат и повозрасни брачни парови.

– Имаме брачни парови кои веќе имаат повозрасни деца, но тие се одлучуваат на трето дете. Прчините за тоа се најразлични, но очигледно влијание има и субвенционирањето од државата. Според нашата евиденција, од 2009 година кога стартуваше оваа мерка на ниво на двете општини има зглемување на бројот на третородени деца. Пример, во 2009 година беа родени 15 третородени деца, потоа во 2010 година 21 дете, па во 2011 се родени 24 третородени, а најмногу третородени деца има во 2015 година, кога се родени 52 деца. Вкупно досега се родени 194 третородени деца во Делчево и Македонска Каменица, рече Захариевски.

Тој додаде дека надоместокот за третородено дете се исплаќа редовно.

Би можело да ве интересира

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он