Девет повредени во две сообраќајки во тетовско

Од:

Девет повредени лица и материјална штета од околу 110 илјади денари се последиците од двете сообраќајни несреќи што во петокот и саботата се случиле на две различни места во тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Првата сообраќајка се случила во петок околу 22 часот на автопатот Тетово-Гостивар во близина на Брвеница. Во неа учествувале автомобил Смарт со швајцарски регистерски таблички управуван од В.А.(27) од тетовското село Глоѓи и Опел Корса со тетовски регистерски таблички управувана од Б.Х.(32) од Тетово. Во несреќата со телесни повреди се здобиле вкупно шест лица, по тројца сопатници од секое од возилата. Сите биле пренесени во тетовската Клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. При полицискиот увид била утврдена материјалната штета што се проценува на околу 60 илјади денари додека првично причина за сообраќајката било непочитување првенство.

Втората несреќа се случила синоќа околу 21 часот на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка. Откако возачот П.А. (20) од Тетово загубил контрола над автомобилот Шевролет Авио со тетовски регистарски таблички по што излетал од коловозот. При тоа возачот и двајцата сопатници на 16 и 18 години се здобиле со телесни повреди, но и тие по укажаната помош во тетовската болница биле пуштени дома.

– Материјалната штета изнесува околу 50 илјади денари, а првично причина за несреќата е пребрзо возење, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Вработена во казино лажела дека била ограбена

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско