Девет месеци не им е асфалтирана главната улица, жителите на Волково најавуваат радикални мерки

Од:

Жителите на скопската населба Волково јавно ја алармираат јавноста и надлежните институции за катастрофалната состојба на главната улица во населбата, која веќе подолг временски период претставува извор на секојдневни проблеми, материјални штети и небезбедност.

Иницијативата бара итно асфалтирање на улицата и директно ги повикува Општина Ѓорче Петров, Градот Скопје, Министерството за надворешни работи, пратениците во Собранието, како и советниците во Градот и Општината, веднаш да преземат конкретни мерки.

– Улицата беше раскопана пред повеќе од 9 месеци, но сè уште не е асфалтирана – со што граѓаните со право прашуваат: зошто се брзаше со раскопување, доколку не беа обезбедени услови за нејзино целосно завршување?

„Не постојат добри партии. Постојат добри луѓе. А добрите луѓе мора конечно да престанат да чекаат. Зашто колку повеќе молчиме, толку повеќе се уништува секое парче земја,“ порачуваат жителите на Волково.

Поради неодговорноста на политичките чинители, Волково – некогаш една од најперспективните населби – денес се соочува со урбан хаос, запоставеност и животни услови кои стануваат сè потешки. Последиците ги чувствуваат не само жителите, туку и околните туристички места кои се погодени од несоодветната инфраструктура.

Доколку проблемот не се реши, иницијативата најавува радикални мерки: протести, граѓанска непослушност, како и покренување постапки за кривична одговорност против сите кои свесно го игнорираат овој проблем, се вели во соопштението од иницијативата „спас за Волково“.

Би можело да ве интересира

Четворица тешко повредени откако се преврте возило на обиколница кај Волково

Горан Наумовски

Крвав инцидент во Волково: Потстанар го убил газадата, па се самоубил

Катерина Ѓуровски

Групна тепачка во Волково, учествувале седум лица

А1он

Целосно изгоре куќа во Волково, нема повредени

А1он