Детската клиника во Козле ќе се пренамени за заразени со коронавирус, пациентите се преместуваат на педијатрија

Од:

Детската клиника во Козле целосно се подготвува за примање пациенти заразени со коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека пациентите кои досега беа сместени во Козле денес и утре ќе бидат преместени во друга болница за да не се мешаат со заболените од коронавирус.

„Болницата во Козле целосно ќе се спреми да прими деца евентуално заболени од корона. Сите сега хоспитализирани во текот на денот и утре ќе бидат префрлени на клиника за педијатрија за да бидат излолирани од возрасните и но и од пациентите со други болести на педијатрија“, рече министерот Филипче.

Тој потсети дека повеќе нема редовни утрински стручни колегиуми на клиниките со цел да се намали контактот меѓу колегите. Ќе се координираат телефонски, под раководство на директорите.

Министерот рече дека, согласно препораките, се одложуваат сите хронични пациенти, оние кај кои интервенцијата може да се одложи, а се третираат само итни и малигни кај кои нема простор за одложување.

За пациентите во Дебар денес бил назначен координатор на службата за инфективни болести.

„За координатор е назначен професор од Инфективната клиника. Во следниот час ќе замине и таму ќе престојува. Ќе ја организира работата и активностите околу петте пациенти кои се вчера дијагностицирани, како и околу тестирањата што ќе се прават. Таму веќе има епидемиолог и двајца инфектолози од Дебар“, рече министерот Филипче.

Во однос на забелешките за недостиг на респираторни машини, Филипче извести дека имаат вкупно 120 од кои 90 се во Скопје.Тој се заблагодари на приватните клиники за отстапените капацитети кои вклучуваат и 70 интензивни легла со респираторни машини за оваа патологија.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ацо Велковски е човек со дела зад себе, победата во Лозово е на дофат

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

(ВИДЕО) Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните

Горан Наумовски