Детската клиника ќе се обновува со 130 милиони денари

Од:

Нови прозорци, 100 нови кревети, реконструкција на тоалетите, бањите, санитарните чворови, нови лифтови, реконструкција на климатизацијата, комплетната климатизација во оваа болница. Сето ова е предвидено да се реалзира за една до две недели како прва фаза од реконструкцијата на детската клиника.

Ова го најавија министерот за здравство Никола Тодоров и премиерот Никола Груевски кој рече дека „Вториот дел од опремата пристигнува на 7 јули и со тоа ќе се докомплетира потребната опрема за Детската клиника“.

Парите се обезбедени од Буџетот и од оние 50 проценти од парите што се прибираат од регистрација на лекови во Бирото за лекови и се пренаменети да одат директно за потребите на Детската клиника.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството