„Детонатор“ продолжи со распит на двајца полицајци

Од:

Денеска во Основниот суд во Кочани продолжи судењето против екс командирот на полицијата и неговиот заменик со распит на двајца полицајци од кочанската полиција.

Двајцата полицајци се претпоставува дека биле дел од групата ги извршувала “работните задачи” кој им ги наложувал командирот Тодоровски.

При денешниот распит двајцата полицајци ги отфрилја обвинувањата и рекоа дека тие директно не добивале наредби од претпоставените за честото одземање на сообраќајните исправи на гастрабајтерот од Италија. Убедуваа дека се неточни и тврдењата дека за да му ги врателе документите му барале патики, тренерки, 100 или 200 евра.

На судењето кое е презакажано за 25 овој месец предвидено е да бидат сослушани уште шестмина сведоци меѓу кои инспектори и раководители на сектори во кочанската и во виничката полициска станица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Михаилов: „Ме осудија за да ми го земат бизнисот со казината“

Горан Наумовски

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

Екстрадиран Железарски осуден во „Детонатор“ кој и порача на судијката дека ќе ја исече на парчиња

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Затвореници се изживуваат со ексначалникот на кочанската полиција осуден во „Детонатор“

Ана Ололовска

Семејствата на обвинетите во „Детонатор“ со демант до МВР

Ана Ололовска

Скопска Апелација го врати предметот „Детонатор“ на првостепениот суд

Ана Ололовска