Детето со аутизам било лекувано според протоколи во Психијатриската болница во Демир Хисар, рече министерот Меџити

Од:

Детето со аутизам било лекувано според сите протоколи што ги даваат експертите по психијатрија, одговори денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, запрашан за реакцијата на родителите на дете со аутизам околу начинот на кој било третирано нивното дете со аутизам во психијатриската болница Демир Хисар, кое, според родителите, имало рани од врзување.

На новинарско прашање околу третирањето на пациентот во Битола, тој одговори дека вонредниот инспекциски надзор завршил и веќе имало извештај и имало пропусти и во дијагностицирањето и во лекувањето на момчето.

– Веднаш дадов наредба, се формираше стручна комисија и ќе биде на терен што е можно побрзо, на лице место и експерти од сите области ќе одлучат каде точно се пропустите. По нивниот извештај, ќе преземеме други мерки, нагласи министерот.

Министерството за здравство подоцна излезе со соопштение, во кое појасни дека од страна на ДСЗИ поради наглото влошување на состојбата на пациентиот во Битола сметаат дека е потребно формирање стручна комисија.

– Формирана е стручна комисија која ќе оди на терен и ќе го испита лекувањето на 24-годишниот пациент. Министерот Меџити денеска рече дека комисијата во најкус рок ќе се формира и стручно истражи случајот и ќе треба да утврди дали имало и какви биле недостатоците во третманот на пациентот, пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Собраниска расправа за разрешување на министерот за здравство

Џафери за разрешувањето на Меџити и Алиу: Законски не може да има два опозициски субјекта во Владата

A1on

Директорите на ДУИ за кои Меџити вчера кажа дека се на боледување, се „разболеле“ по директива на Груби

Александар Тодески

Меџити: Легитимен претседател на АА е Таравари, ја имаме поддршката од 83 делегати на Собранието

Катерина Ѓуровски

Меџити ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица

Меџити нема намера да даде оставка: Собранието и пратениците одлучуваат кој ќе биде министер

Александар Тодески