Дете со морбили три дена е на интензивна нега заедно со уште 13 незаразени на Детската клиника

Од:

Единаесетмесечно дете со компликации од морбили три дена лежи на интензивна нега на Детската клиника заедно со уште 13 незаразени деца. Родителите на незаразените деца стравуваат дека, покрај основната болест, децата ќе им се заразат и со сипаници. Тие се повикуваат на протоколите за работа во болницата, на кои им укажале токму докторите од Клиниката, според кои децата со морбили треба да се изолирани и да немаат контакт со другите болни.

Директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Катерина Ставриќ, вели дека нема потреба од стравување за ширење на морбилите на интензивна нега оти детето повеќе не било заразно.

„Тоа дете е префрлено на интензивна нега афебрилно, со завршен осипен стадиум. Девет дена беше на одделот пулмологија кај нас, на респиратор. Тоа повеќе не е заразно, нема опасност ниту за пациентите ниту за персоналот. Нема морбили, туку има компликации од морбили. Има тешка бронхопневмонија на респираторниот систем, односно има проблем со дишењето, а веќе има и хипоксични промени на мозочето. Местото на вакво дете му е на интензивна нега, каде што и докторите и сестрите се специјализирани. Детето е зависно од респиратор и останува на интензивна нега“, изјави директорката Ставриќ за „А1 он“.

На Детската клиника утрово со морбили имало шест деца. Директорката Ставриќ вели дека повеќето се веќе добро и за празникот ќе бидат пуштени дома.

Институтот за јавно здравје денес извести дека во последната недела имало 95 нови случаи на мали сипаници и бележи намалување во однос на претходната недела кога беа регистрирани 121 нов случај на заразени со морбили.

Од вкупниот број новопријавени заболени лица, 60 случаи се од Скопје, а другите 35 се од 8 други градови – Струга (11), Гостивар (7), Куманово (6), Тетово (6), Охрид (2), Велес (1), Прилеп (1) и Валандово (1).

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Специјалистите од Детска клиника не дежураат во амбуланта, тоа го прават специјализанти кои издаваат документација во нивно име

Катерина Ѓуровски

Мемеди: Поединци водат кампања против мене и Клиниката за детски болести

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Клиниките во време на СДС и ДУИ набавувале лекови вредни милиони без тендер

Горан Наумовски

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува луѓето на Изет Меџити за корупција

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете