Малолетно, дете на дванаестгодишна возраст попладнево е донесено во гостиварската болница, каде лекарите констатирале смрт. Од првичните сознанија на полицијата, најверојатно станува збор за самоубиство со бесење, јави МИА.
Од СВР Тетово информираат дека случајот бил пријавен околу 16 часот и 30 минути. Од првичните сознанија со кои располага полицијата, телото на детето со јаже околу вратот, на потпокривот на семејна куќа во селото Чајле го нашла мајката. Таа, набрзо со помош на роднини и соседи го пренела во ургентното одделение во гостиварската болница, но на детето не можело да му се помогне.
Во тек е увид, по што ќе биде појасно како дошло до овој трагичен случај.