Деспотовски: Ниту има врска со изборите и техничката влада, ниту е нешто спорно во договорот со „Стентон градба“

Од:

Паркиралишта, градинки, примарна здравствена заштита, простор за сместување и складишта, се само дел од дополнителните услуги што треба да ги испорачуваме ако сакаме да обезбедиме современи услови за работа во зоните, рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со „Стентон градба“.

Според Деспотовски, ниту има некаква врска со претстојните избори и техничката влада, ниту е нешто спорно во договорот со „Стентон градба“ која треба да изведе неколку објекти за времено сместување – амбуланта во зоната Скопје и склaдишта и градинки во зоните Скопје, Штип и Прилеп.

-На вработените во најголемата зона во Скопје која моментно ангажира 7.000 – 8.000 луѓе, најблиската примарна здравствена заштита им е на 20 километри. Извинете, но тоа не е современ услов за работа. Елементарна работа е и градинка, дел од современиот концепт на работење е големите компании да го обезбедуваат тоа. Ние тоа го обезбедуваме и тоа ќе си биде, секако, на база на комерцијална основа, Навистина не гледам што е спорно. Имавме редовна постапка, тоа беше предвидено со Годишната програма за 2023-та, три различни зони се и целосно нов концепт – не се паркиралишта, паркиралишта се еден елемент, градинки, примарна здравствена заштита, простор за сместување и складишта кои се даваат на располагање на компаниите врз база на спроведена анкета. Ова е нов пристап во развивањето на зоните со што даваме дополнителни услуги, нагласи директорот.

Постапката за тендерот, напомена. била редовно спроведена, а учествувале две компании во конкурентен процес.

-Навистина не знам во што е проблемот. Не знам од кога стана проблем во државата да се вложува во градинки и во здравствена заштита. И нема врска ниту со техничка, ниту со не техничка влада. Ние нема да застанеме да работиме. По таа логика денеска требаше да им кажеме на дечкиве – дечки вие на пауза сте, нема година дена да примате плата додека не заврши изборниот процес во државата. Зошто? Зошто е тоа потребно? Сакаме да зборуваме како овие деца да ги задржиме, како да им понудиме подобри услови. Платите не се единствен сегмент. Во зоните моментно работат 18 000, а до крајот на годината ќе бидат 20 000 луѓе, потенцира Деспотовски по промоцијата на новата инвестиција во Скопје 1.

Премиерот Димитар Ковачевски не знае, како што рече, што има врска техничка влада со правење паркинзи.

-Јас не можам да имам став за нешто што не сум го водел како процес. Директорот и неговите служби знаат, тие може да ви одговорат најдобро. Сепак е јавна набавка, а јавна набавка се прави врз основа на Закон за јавни набавки. Ако го запазиле Законот за јавни набавки и целата постапка, тогаш се е во ред. Доколку има некакви прашања, тогаш тие што ја спроведувале постапката најдобро ќе одговорат, подвлече премиерот.

Би можело да ве интересира

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

Орце Костов

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред

ТИРЗ: Скопје се искачи на првото место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање

Аутсорсинг гигантот ЕМАПТА отвора деловен простор во Скопје 1, најавува 850 вработувања за пет години