Дескоска: Уставниот суд мора да си ја преземе улогата на заштитник на Уставот и на уставноста

Од:

Во системот на заштита на човековите права и генерално грижата за уставноста и законитоста Уставниот суд несомнено има една од најзначајните улоги и мора да си ја преземе улогата на заштитник на Уставот и на уставноста, а не да биде фактор што ќе предизвикува уставни земјотреси.

Порача министерката за правда Рената Дескоска на денешната работна сесија за „Реформите во Уставниот суд поврзани со Поглавјето 23“ на третата работна група од Националната конвенција за Европската унија во Република Македонија.

„За жал во Република Македонија дел од проблемите произлегуваат од недостатоците во уставната рамка за работењето на Уставниот суд, но мислам дека тоа не е клучниот недостаток. Исто така, особено значајно е покажувањето на личен интегритет од страна на оние кои седат во Уставниот суд“, изјави Дескоска.

Изрази очекување дека во процесот на реформи и желбата за воспоставување на систем на владеење на правото Уставниот суд ќе се однесува согласно стратешката определба на Република Македонија.

„Еден од клучните проблеми нотирани во дејствувањето на Уставниот суд е тоа дека често пати тој ја имаше маската на политички орган, наместо на неутрален орган што ќе го интересира единстевно заштитата на Уставот и на човековите права во сферата во којашто им е дадена како право. Оваа власт не врши никаков притисок врз Уставниот суд и очекувам тие да можат да работат слободно, секако тоа зависи од нивните лични професионални капацитети и интегритет“, изјави Дескоска.

За улогата на Уставниот суд на Република Македонија во судските реформи спроведени како дел од процесот на интеграцијата во Европската унија, во рамки на денешната четвртата сесија на третата работна група на НКЕУ-МК учествуваа повеќе експерти од земјата, меѓу кои директорката на Академијата на судии и обвинители Наташа Габер-Дамјановска и професорката по уставно право Гордана Силјановска и кандидатот за уставен судија на Република Словачка, Радослав Прохаска, кој го сподели своето искуство од овој процес и укажа на виталните преговарачки прашања од Поглавјето 23.

 

Би можело да ве интересира

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Пендаровски: Уставниот суд уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите