Дескоска: Ветингот во правосудството по изборите

Од:

Мора да бидеме свесни дека за да се почне процес на ветинг во правосудството потребно е двотретинско мнозинство, а тоа како и дебатата за ова прашање не може да се заврши пред изборите, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска пред почетокот на дијалогот за политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година“, одговарајќи на новинарско прашање околу ветингот и како би се спровел.

– Тоа е реалност, ниту еден процес не треба да биде избрзан. Драго ми е дека веќе се јакне свеста и се отвора дебата и во рамките на самите правосудни институции дека потребни се одредени корекции во нивното работење, така што тоа 99 посто, ако не и 100 отсто ќе остане за после изборите, додаде Дескоска.

Во однос на моделот и кој ќе го спроведе, Дескоска рече дека се можни повеќе варијанти, односно една варијанта е да се врши ветинг од страна на заедничка комисија која ќе испитува повеќе аспекти, но можно е тоа да оди и преку активност на повеќе институции.

– Можни се повеќе варијанти, една варијанта е дека може да се врши ветинг од страна на заедничка комисија која ќе испитува повеќе аспекти, но исто можно е и прочистувањето да оди преку активност на повеќе институции почнувајќи од постојни институции кои постојат во комбинација со вршење на нивните надлежности, но имаме и модели што ги гледаме дека постојат и се спроведувале во други земји, односно комисија што целосно ја презема таа надлежност и го спорведува процесот. Тоа треба да биде процес договорен со консензус од двотретинско мнозинство, рече Дескоска.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО