(ВИДЕО) Дескоска: Нема напредок, не можеме да се договориме за предметите на СЈО

Од:

Министерката за правда, Рената Дескоска по завршувањето на денешната средба со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, за новиот закон за обвинителство, изјави дека немало напредок.

Разговарале за отворените прашања кои се однесувале за статусот на предметите кои ги води СЈО. Во тек на разговорите, рече Дескоска, се отворило прашањето за статусот на Обвинителството кое би било правен наследник на СЈО и дека според владиниот предлог, СЈО би се споило со обвинителството за организиран криминал и корупција.

Ставот на министерката е дека немаат намера со закон да го прекинат мандатот на оние обвинители и истражители кои се уште се во работен однос. Нудат две опции за истражителите во СЈО да се префрлат во новото обвинителство или да се вратат во МВР, а потоа да се формира истражен центар во обвинителството за организиран криминал.

Клучно прашање околу кое не можат да се договорат е статусот на предметите на СЈО, кои како што рече Дескоска, според нивниот предлог тие треба да се трансферираат во новото обвинителство со цел да нема застој и губење на доказите.

Таа рече дека се договориле со ВМРО-ДПМНЕ забелешките на опозицијата на законот да се достават како амандмани на комисиската расправа што се очекува да се одржи в четврток.

Во однос на случајот „Рекет“ и вмешаноста на Катица Јанева, министерката кажа дека личната одговорност не треба да се врзува со колективната.

Го повика Советот на обвинители да ја заврши својата работа и да предложи вршител на должност на местото на Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on