Дескоска ќе ја урива тарифата на извршителите од 1000 на 300 евра, ќе се бришат и камати

Од:

Новиот тарифник што го предлага Министерството за правда, а треба да се најде на владин дневен ред в петок, предвидува наградата за извршителите да не биде поголема од 300 евра наместо досегашните 1.000 евра.

Исто така, од ресорното Министерство предлагаат и да има репрограмирање на долговите на граѓаните, отпис на каматите и да се намали извршувањето врз пригодите од една третина на една петина. Како што ни потврдија од Министерството, предлогот ќе се најде на владина расправа в петок.

Инаку, извршителите остро негодуваат на овој предлог и се закануваат со штрајк бидејќи нивната работа нема да била исплатлива и се закануваат дека ќе ги затворат канцелариите.

Притисокот да се постигне правичност во извршувањето интензивно почна пред две години кога здруженијата на граѓани, борци за социјлна правда, јавно се спротивставија на Комората на извршителите пријавувајќи случаи во кои се гледаа астрономските разлики во основицата на долгот и каматите што ги плаќале граѓаните.

Неодамна Комората на извршителите на прес-конференција најави отворен ден со граѓаните за наводно да имаат увид во случаите и да им помогнат на граѓаните да ги отплатат долговите.

Би можело да ве интересира

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on