Десетина луѓе кои протестираат пред Собранието го блокираат центарот на Скопје

Од:

Десетина луѓе целосно го блокираа сообраќајот во централното градско подрачје. Тие излегоа на протест пред Собранието против договорот со Грција, а на улиците поставија и клупи.

Поради протестот, има целосен колапс на сообраќајот со оглед на тоа што станува збор за ударно време во кое поголемиот дел од граѓаните завршуваат со работа и се упатуваат кон дома.

„Мува не смее да прелета тука, само пешаци”, вели еден од демонстрантите.

Поради блокираниот сообраќај сите возила мора да кружат со што се создаде метеж на околните сообраќајници, а возачите нервозни чекаат во огромни колони.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование